×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петар Андоновски препорачува 5 книги за продолжениот викенд

    04.06.2020 09:04 | KumanovoNews

    Во пресрет на тридневен полициски час во Куманово, писателот Петар Андоновски, овогодинешниот лауреат на наградата за литература на Европската унија со неговиот роман „Страв од варвари", посочува дека најдобриот начин за поминување на овој долгочасовен карантин е читањето на книги, па затоа дава препорака за книги кои можат да почнат да се читаат во овие три дена.

    Петар Андоновски препорачува 5 книги за продолжениот викенд

    - Доколку сакате, а не знаете што да читате, во овие 80 часа полициски час, почнете со македонски автори, препорачува Андоновски:

    1. „Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска

    Доколку веќе не сте го прочитале „Аб’т“, тоа треба да го направите веднаш од две причини. Првин, ,„Аб’т“ е „најкумановски роман”, и второ и многу поважно, „Аб’т“ е најдобар роман објавен во 2019 година. Ќорвезироска му се одолжи на родениот град на најубавиот можен начин, сега е ред на кумановците да и' се одолжат на Ќорвезироска и да го прочитаат „Аб’т“.

    2. „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп

    Доколку сте авантурист и ви се патува а не можете поради затворените граници. „Годините кога научив да летам“ е вистинска книга за вас. На 289 стр., Хоуп ве носи на возбудливо авто-стоп патување на кое и најмрзливите би ги натерало да тргнат.

    3.  ,,Одбројување,, од Фросина Пармаковска

    Во никој случај не смеете да го пропуштите Роман на годината на Фондацијата Славко Јаневски за 2018: ,,Одбројување". Пармаковска отвара теми за кои и најхрабрите би се плашеле да прозборат. Болеста, семејството и неверството се само дел од нив.  

    4. „Собирачи на пепел“, од Давор Стојановски

    Романот обработува веќе познати егзистенцијалистички теми, како што се чувството на осаменост, стравот од блискоста, домот како место на припадност, постојаната потрага по среќата и смислата. Доколку не сте прочитале ништо од Стојановски нема поубав почеток од Собирачи на пепел за кој ја доби наградата Роман на годината на Утрински весник во 2017.

    5. „Песот со тажен поглед“ од Оливера Николова

    Верувам дека кога ќе се спомене името на Оливера Николова сите помислувате на „Зоки Поки“. Но Николова е подеднакво врвен автор и во книгите за возрасни. Доколку не сте прочитале ниту еден нејзин роман „Песот со тажен поглед“, би бил одличен почеток. Николова ја доби наградата Роман на годината на Фондацијата Славко Јаневски по втор пат, откако за нејзиниот роман „Куклите на Росица“ ја доби истата награда 2004.