Петмина новозаболени во Куманово, шестмина во Липково, вкупно 111 во земјата
Нови 11 случаи се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив пет се во Куманово и 6 во Липково.

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на КОВИД-19.
По градови:
- Скопје 63
- Куманово 11
- Штип 12
- Тетово 8
- Велес 3
- Охрид 1
- Гостивар 3
- Крива Паланка 1
- Кочани 9
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.
- Прилеп 1
- Тетово 4
- Битола 1
Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.