Мени

Петмина новозаразени и една почината од коронавирус во Куманово

24.08.2020 12:44 | KumanovoNews

Во Центарот за јавно здравје во Куманово денеска се регистрирани 5 нови случаи на коронавирус и една почината пациентка на 68-годишна возраст.

Петмина новозаразени и една почината од коронавирус во Куманово

Во последните 24 часа регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19, од вкупно 860 тестирања, на ниво на државата. По градови: Скопје 28, Куманово 5, Прилеп 8, Гостивар 8, Тетово 4, Берово 4, Битола 1, Охрид 1 и др.

Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на ковид-19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13673,  бројката на оздравени пациенти е 10150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.