Петмина повредени при судир на полициско возило и „туран“
06.02.2023 12:01
| Оливера Пешевска
Пет лица се повредени во сообраќајна незгода на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ во Куманово.

Сообраќајката се случила синоќа околу 21.50 часот, помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано 19-годишно момче од село Матејче, липковско и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
(Фото.Твитер)