Петок неработен ден за граѓаните од српската заедница
24.01.2023 13:44
| KumanovoNews
27 јануари 2023 година, Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.