Петок неработен за граѓаните од православна вероисповед
01.06.2020 07:42
| KumanovoNews
Петок пред Духовден, 5 јуни е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот.