Петок неработен за православните, понеделник за сите граѓани
16.04.2025 08:21
| KumanovoNews
Продолжен викенд претстои за граѓаните поради Велигденските празници.

Согласно Законот за празници, Велики петок - 18 април е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Понеделник, пак, 21 април) - втор ден Велигден, е државен празник и е неработен за сите граѓани на Македонија.
Христовото воскресение - Велигден се слави во недела на 20 април.
Во мај, првиот неработен ден е 1 Мај, кога се слави Меѓународниот ден на трудот, а годинава се паѓа во четврток.