×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петрушевски да не се служи со лаги и манипулации, побара Илиевски

    27.05.2020 11:06 | KumanovoNews

     Секретарот на ОО СДСМ Куманово, Оливер Илиевски, на денешната прес-конференција го обвини  Бране Петрушевски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, дека изнесува невистинити информации во медиумите и дека неговата партија останува матрица на лажење и манипулации.

    Петрушевски да не се служи со лаги и манипулации, побара Илиевски

    „ За 11 години од кумановци зедовте 2 милијарди евра, во вид на даноци, колку од тие пари вративте назад во градот? Зошто ако вашиот тим е чесен, тогаш вашиот потпретседател има 6 кривични пријави и му е одземен пасошот?,- праша Илиевски.

    Тој посочи и дека членови на партијата на Петрушевски, донираните пакети од страна на функционери на СДСМ, ги претставувале како донација на ДПМНЕ.

    „ВМРО не ја пропушти можноста да ги лаже граѓаните, па така хуманитарните пакети донирани од Зоран Заев, Оливер Спасовски, компании од Куманово и компании до надвор, на кои сме им бескрајно благодарни, по наредба на ОК на ВМРО ДПМНЕ, нивните активисти и шефови на штабови на терен да ги следат луѓето што ги делат и да кажуваат дека тие пакети ги дели ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски!“, додаде секретарот.

    Илиевски, на прес-конференцијата го постави и прашањето за користењето на просториите во зградата на поранешен Комитетот. Тој посочи дека Петрушевски има документи по кој основ СДСМ е во таа зградата.

    „Впрочем да прашам, на третиот кат има канцеларии на кои пишува ВМРО-ДПМНЕ, тоа ваши канцеларии се или некоја друга партија со исто име? Ако има скандал, тогаш и ти како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, очекувам утре да се јавите во Јавно обвинителство, ама да го пријавите и Иван Стоильковиќ и тој има канцеларија во истата зграда, да го пријавите и Ѕинго-и Социјалистичка партија која има канцеларии, па на крај да ме пријавите и мене“, посочи Оливер Илиевски.

    Илиевски потенцираше и дека ВМРО-ДПМНЕ како партија не добило никаква поддршка за Куманово, а во времето на СДСМ, Куманово брои вкупно 11 претставници на високи функции.