Петрушевски, Димковска и Алексовски, кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово
Тројца членови на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе се најдат на листата за пратеницина во Втората изборна единица.

На трето место се наоѓа претседателот на општинскиот комитет Бране Петрушевски, на 10 Кети Димковка, а на 20 позиција Тихомир Алексовски. Носител на листата е потпретседател на партијата Владо Мисајловски.
По вечерашниот Централен комитет на партијата беа избрани носителите на листи во сите изборни единици и кандидатите за пратеници, а утре на конгрес листите ќе бидат и официјализирани.
Кандидати за пратеници во Изборна единица 2:
1. Владо Мисајловски од Ѓорче Петров,
2. д-р Рашела Мизрахи од Карпош,
3. Бране Петрушевски од Куманово,
4. коалиција,
5. Жаклина Пешевска од Гази Баба,
6. Дарко Костовски од Бутел,
7. Бојан Стојановски од Ѓорче Петров,
8. Зоран Коцевски од Гази Баба,
9. Емилија Ангелова од Чаир,
10. Кети Димковска од Куманово,
11. коалиција,
12. Зоран Бајовски од Чучер Сандево,
13. Ерџан Демири од Шуто Оризари,
14. Дијана Илиевска од Гази Баба,
15. Мартин Стефановски од Старо Нагоричане,
16. Игор Атанасовски од Гази Баба,
17. Борче Илиевски од Бутел,
18. Искра Крстевска од Чаир,
19. Наташа Манкиновска од Ѓорче Петров и
20. Тихомир Алексовски од Куманово.