×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петрушевски негира дека ја нападнал Алексовска, тврди дека луѓе на Димитриевски го провоцирале пред неговиот дом

    25.10.2021 17:26 | Сузана Николиќ

    Момир Петрушевски, кандидат за советник од редовите на СДСМ и коалицијата „Најдобро за мојата општина“, денес обвини дека вербално бил нападнат и провоциран од тимот на Димитриевски пред неговиот дом во присуство на сопругата и внучето.

    Петрушевски негира дека ја нападнал Алексовска, тврди дека луѓе на Димитриевски го провоцирале пред неговиот дом

    Тој тврди дека активисти на Димитриевски дошле пред неговата врата со пропаганден материјал и провокациски напади.

    „Ќе ве прегазиме, нема да знаете што ќе ви се случи после“, а на што претходеа непристојни зборови и понуди од
    страна на Александар Крстевски – човек на Димитриевски, а веднаш потоа и закани од страна на Драган Алексовски-Вуле. Сето ова се случи пред мојата влезна врата во присуство на мојата сопруга и малолетниот внук, кои не беа должни да сведочат на ваков немил настан. Уште еднаш одговорно тврдам дека немало никакво насилство од моја страна. За овој настан ќе поднесам и приватна тужба против лицето, Драган Алексовски кој на секој можен начин се обидува да ме дискредитира“, изјави Петрушевски.

    Тој вели дека целта на нивната посета била да го провоцираат, бидејќи знаат точно каде живее и да го продолжат насилството од вчера кога го нападнале Самет Салиевски.

    „Срамно и во најмала рака е дегутантно да се изнесуваат вакви лаги и невистини како што денес изнесе тимот од групата избирачи. Како може да обвинувате човек во години дека физички се пресметува со жена?, кажа Петрушевски.

    Тој најави кривична пријава пред надлежните органи за клевета по денешната прес конференција на луѓето на Димитриевски.