×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Петрушевски: Со реални проекти и идеи ќе ги решеваме проблемите на граѓаните

    29.06.2020 11:12 | KumanovoNews

    Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово и  кандидатот за пратеник во Изборната единица 2, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција ја презентираше програмата на ВМРО-ДПМНЕ за „Обнова на Македонија“, за која како што вели тој за нив претставува завет.

    Петрушевски: Со реални проекти и идеи ќе ги решеваме проблемите на граѓаните

    Тој најави дека ќе водат позитивна кампања, а нивната програма е втемелена на четири столба и цели коишто сакаат да ги постигнат: ефикасна држава и силни институции, конкурентен приватен сектор, интегрирана стабилна и безбедна земја и подобри услови за живот на сите граѓани.

    „Она што ние го нудиме е нашата програма, нашиот завет до граѓаните, она по што ВМРО-ДПМНЕ е препознатливо како бренд во изминатите години. Посетивме многу граѓани, разговаравме со многу потенцијални гласачи, разговаравме за реалните проекти коишто ги понудивме, нашите решенија, визии, нашите идеи и како тие проблеми да се решат. Ние и понатаму продолжуваме исклучително со позитивна кампања, затоа што не сме исти и размислуваме различно од она што го нудат противниците. Ние нема да водиме црна кампања, а она што го имаме од другата страна освен лажни вести, лажење и црна кампања, секојдневно сме сведоци на поткуп на граѓани, притиисоци на вработени во државни институции, барање на 20 гласочи, односно список да им биде доставен во партија, злоупотреба на државни институции, злоупотреба на државни ресурси, пред се` злоупотреба на полицијата“, додава тој.

    Што се однесува до рекациите на СДСМ дека Петрушевски ја критикува Социјалдемократската партија, а држи прес-конференции до објекти кои ги изградиле тие, тој им порача дека тој како кумановец ги подржува сите проекти кои се однеусваат на градот, без разлика кој ги изградил, но и потенцираше дека во Индустсриската зона во Речица тој очекува странски инвестиции, за кои тој и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залагаат.

    „Во политичката кампања, не ги бираме локациите дали ги изградила ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ или некоја друга политичка партија, туку гледаме позиција каде што би можеле да се сретнеме со поголем број на граѓани. Конкретно за базенот, ние како политична партија помогнавме во онаа документарна процедура, тогаш дадовме поддршка уште пред да се изгради тој проект. Што се однесува до индутриската зона, нешто што се ветува 10-15 години на кумановци, да не употребам збор што се лаже 15 години, не наидовме на изграден пат, на странска инвестиција. Таа фарбика таму којашто ја има е приватна инвестиција во развиток. Зборуваме за една фарбика, а јас зборувам за индустриска зона налик на Бунарџик, налик на другите зони кои се формираа. На ВМРО-ДПМНЕ им дадов еден стимул, еден апел, заложба таа зона да заживее и после 15 јули се обврзе, и јас како иден пратеник и тие како идна Влада, да овозоможме таму најпрво да има комунални услови, пат-инфраструктура, за да можеме да зборуваме за реални, странски инвестиции“, потенцираше кандидатот за пратеник Петрушевски.

    Воедно од партијата на ВМРО-ДПМНЕ, го најавија и карванот за „Обнова на Македонија“ , кој ќе се одржи вечерва (понеделник) во 20 и 30 часот на чело со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на Градскиот плоштад во Куманово.

    (Ф.Марковска)