Плаќал со туѓа картичка откако ги украл податоците на сопственикот
08.12.2019 10:56
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против К.Р.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Пријавениот, во февруари 2019, го искористил невниманието С.К.(51) од Куманово додека плаќал со платежна картичка, ги забележал податоците, по што во периодот од февруари до септември 2019 извршил плаќања од платежната картичка на оштетениот.