×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Планинарска акција во хуманитарни цели организира ЗП „Козјак 2013“ и Црвен Крст Куманово

    29.03.2024 12:25 | Теодора Стоевска

    Здружението на планинари „Козјак 2013“ заедно со Црвен крст Куманово, утре организира хуманитарно планинарење во селото Бељаковце, до манастирот Св.Георгиј. Учесниците ќе имаат можност да донираат за да продолжи лекувањето на четиригодишната Јована Илиевска од Куманово.

    Планинарска акција во хуманитарни цели организира ЗП „Козјак 2013“ и Црвен Крст Куманово

    Поаѓањето од Куманово е од паркингот кај ресторан Жмара на булевар Октомвриска револуција во 09 часот и за учесниците ќе биде обезбеден бесплатен автобуски превоз, а може да се оди и со сопствени возила. 

    Почетокот на активноста е од Железничката постојка во село Бељаковце или со внесување на кодот 4W8J+6GW Beljakovtse во Google Maps, патеката е долга околу 10км, но не е напорна и потребно е учесниците да си понесат доволно вода и храна за престој во природа околу 5 до 6 часа.

    Ова е петта планинарска акција на ЗПЗП Козјак 2013 како дел од проектот Планинарска инфраструктура - основа за туризам и здрави навики во кој сега се вклучува и Црвениот Крст во состав на нивната програма преку проектот  “Со цело срце за нечие подобро утре’’ со цел да се помогне малата Јована кој боледува од церебрална парализа да го продолжи своето лекување.

    Заинтересираните учесници кои сакаат да планинарат и воедно да ја покажат својата хуманост треба да се пријават на линковите кои се наоѓаат на нивните Фејсбук профили, за навремено обезбедување на своето место, бидејќи бројот на учесници е ограничен.

    За време на планинарењето заедно со некој од водичите, учениците кои претходно слушале предавања за планинарење ќе можат да ги повторат работите кои ги научиле, децата ќе можат да вежбаат поставување на шатори и да се запознаат со некои основни работи за ориентација и однесување во планина, а ќе бидат поставени и кутии за донација од Црвен Крст.