Мени

Планирани прекини на електричната енергија во Куманово и околината

21.08.2026 09:37 | KumanovoNews

Без електрична енергија денеска и во понеделник ќе останат делови од Куманово и неколку населени места во Липковско, поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа.

 

Планирани прекини на електричната енергија во Куманово и околината

Денеска, 21 август, од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе биде дел од улицата „Теофан Економов“, од улицата „Драган Стопаревиќ“ до хотел „Агро Куманово“.

Додека, во периодот од 9 до 14 часот прекин е планиран и во село Руница, општина Липково.

Во понеделник, на 24 август, од 8:30 до 14 часот, без електрична енергија ќе биде дел од село Сопот, односно делот од селото кон караулата. Истиот ден, од 9 до 14 часот, прекин е планиран и за објектите околу ресторанот „Аркус“ во Куманово.

На 10 септември, од 9 до 11 часот, планиран прекин ќе има во селата Косматац, Мургаш, Пезово, Кшање, Кокошиње и Кутлибег.