×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По 50 години се реконструира патот Куманово - Страцин, кажа министерот Спасовски

    17.06.2021 13:14 | KumanovoNews

    Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и заменик директорот Благојче Трпевски извршија увид во работите на рехабилитација на магистралниот пат Куманово – Страцин.

    По 50 години се реконструира патот Куманово - Страцин, кажа министерот Спасовски

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој и самиот потекнува од овој регион кој долги години во изминатиот период беше запоставен, без вложувања и без инвестиции, истакна дека гледа најмалку две причини што се денеска на увид на рехабилитацијата на делницата од патниот правец Куманово-Страцин, на Коридорот 8. Според Спасовски, на овој патен правец се вложува за првпат после 50 години со цел да се рехабилитира, токму од страна на оваа Влада предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

    „Во изминатите три години како Влада, ако го погледнеме кумановско-кривопаланечкиот регион, ќе видите дека единствените вложувања после 40 години се токму сега, во овие три години. Ќе напоменам дека само во овие три години сите регионални патишта се реконструирани или е во тек реконструкцијата, а притоа се гради и еден ескпресен пат“, потсети тој, додавајќи дека целосно се реконструирани Куманово-Свети Николе, Старо Нагоричане –Граничен премин Пелинце, Куманово – Никуштак, Куманово – Опае, пат до новиот Граничен премин Белановце, општина Липково и најзначајниот, Куманово-Крива Паланка.  Така еден дел, Ранковце - Крива Паланка е целосно рехабилитиран , а во моментов се работи на вториот дел, од Куманово до Страцин, додека паралелно со тоа се гради и нов експресен пат којшто треба да биде подобра и полесна врска на државата со Бугарија.

    Втората причина, според министерот Спасовски, произлегува токму од ресорот кој го покрива.

    „Ако сакаме да имаме поголема безбедност во сообраќајот со помалку жртви, помала материјална штета и помалку повредени лица, треба да имаме и добра инфраструктура. И токму затоа и заедно настапуваме за сето тоа што не беше направено, рехабилитирано, обновено го завршиме што е можно побрзо и на тој начин да создадеме подобри услови и поголема безбедност во сообраќајот“, истакна Спасовски, додавајќи дека Владата предводена од Зоран Заев останува посветена на изградба на инфраструктурата во целата држава, ќе продолжи да се работи секаде каде што има потреба за обнова на постоечката и изградба на нова инфраструктура, со цел подобри услови за рамномерен економски раст и развој.

    Министерот Спасовски ја искористи оваа прилика да се заблагодари на фирмата изведувач и на работниците кои работат  на овој патен правец, бидејќи во услови на пандемија не ги прекинаа своите активности, што е многу значајно од аспект на економијата.