×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По петмесечна пауза, Центарот за култура организира концерт на отворено

    07.07.2020 08:01 | KumanovoNews

     Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, по добиените препораки од страна на Министерството за култура, во четврток во 20 часот пред платото на установата, на отворено, ќе организира концерт.

    По петмесечна пауза, Центарот за култура организира концерт на отворено

    Концертот „За дамата“ ќе биде изведен од Трио Џентлмен, во состав Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон, Јане Дунимагловски-тенор. Пред влезот на центарот ќе бидат поставени од триесет до четириесет столчиња на растојание од два метри, кои ќе бидат наменети за публиката која ќе треба да носи маски. Бидејќи станува збор за концерт на отворено, останатите граѓани ќе имаат можност да го проследат концертот, но од институцијата апелираат да не се прават групирања.

    Директорот на Центарот за култура во Куманово, Сашо Тодоровски, вели дека иако состојбата со коронавирусот создава нова реалност на работа, дека тие како институција ќе се обидат да се прилагодат на новонастанатите услови.

    „Состојбата во којашто се најдовме поради коронавирусот сите не` измести од колосек, но ние и понатаму ќе се трудиме да допреме до публиката на најразлични начини. Ги повикуваме кумановци да дојдат и да го проследат овој настан и апелираме до сите од нив да носат маска, а ние ќе обезбедиме средства за дезинфекција. На настанот ќе настапат тројца изведувачи, кои имаат веќе настапувано во Куманово и имаат одличен примем кај публиката, се надеваме дека така ќе биде и во четврток, уште подраго ни е што после петмесечна пауза го имаме првиот настан од културата во Куманово. Ќе бидат запазени сите протоколи за работа“, рече тој.

    Како што соопштуваат оттаму, во текот на наредните недели тие ќе продолжат со активности од областа на културата, меѓу кои ќе биде и монодрама на една од актерките на Театар Куманово.

    (Ф.Марковска)