×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По петмесечна пауза вечерва ќе се игра претстава на отворено во Театар Куманово

    20.07.2020 06:24 | KumanovoNews

     После петмесечна пауза, Театар Куманово, вечерва, со почеток во 20 часот, организира претстава на отворено.  Во дворот на Театарот, актерката Владанката Димковска ќе ја изведе монодрамата „Прво лице еднина“, во режија на Драгана Гунин.

    По петмесечна пауза вечерва ќе се игра претстава на отворено во Театар Куманово

    Влезот на претставата ќе биде слободен, а ќе можат да присуствуваат околу 25 граѓани, поради ограниченоста на просторот. Од театарот ќе бидат запазени сите протоколи за работа за заштита од коронавирус, а граѓаните од публиката ќе треба да носат маска.

    Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вели дека очекува посетеност, бидејќи станува збор за убава претстава, на која ѝ одат во прилог и убавите летни денови.

    „Тоа е емотивна приказна за жената, за храбрите жени, за животот на жената, на нивните погледи кон светот, за нивната борба. Емотивно искажување на актерката Владанка, која неколку женски ликови ги искажува преку таа нејзина монодрама и нејзиното видување. Публиката уживаше во претставата којашто беше изведувана неколку пати во Театар Куманово, а сега по петмесечна пауза ќе може да ја проследи и на отворено, во дворот на театарот“, вели Тодоровски.

    Пред околу 15-тина години во Театар Куманово, исто така се играле претстави на отворено, во вид на кабаре, кои имале огромна посетеност.

    (Ф.Марковска)