×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По Скопје, Куманово со најмногу активни случаи од ковид-19

    27.05.2021 15:42 | KumanovoNews

    Во Куманово има 231 заболен од коронавирус, што е највисока бројка во градовите во внатрешноста. Повеќе од нас има само Скопје со 1000 активни случаи. Потоа следува Битола со 171 и Прилеп со 101 случај, соопштува Министерството за здравство.

    По Скопје, Куманово со најмногу активни случаи од ковид-19

    Во последните 24 часа се направени 2.691 тестирања, а регистрирани се 53 нови случаи на ковид-19.По градови во: Скопје – 29, Прилеп – 7, Куманово - 4, Битола, Гостивар, Охрид и Кичево – по 2, Тетово, Кочани, Радовиш, Берово и Валандово – по 1.

    Пријавени се вкупно 13 починати лица: 5 лица од Скопје (51г,63г,68г,81г и 88г), 3 лица од Струмица (62г,74г и 88г), 2 лица од Битола (68г и 82г) и по едно лица од Тетово (71г), Гостивар (80г) и Струга (81г). Од пријавените, 4 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.

    Регистрирани се 111 оздравени пациенти од: Скопје – 48, Прилеп – 10, Куманово, Битола и Радовиш – по 8, Кичево – 7,Дебар – 5, Штип – 3, Кавадарци и Ресен – по 2, Тетово, Кочани, Валандово, Струмица, Свети Николе, Виница, Крушево, Демир Хисар, Кратово и Македонска Каменица  – по 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 785.345 тестирања на ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.169, бројката на оздравени пациенти е 147.301, на починати е 5.369, а бројот на активни случаи изнесува 2.499.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 68460, Активни 1000

    Куманово 8813, Активни 231

    Битола 6290, Активни 171

    Прилеп 8294, Активни 101.