„По трагите на фотографијата“ - изложба во Уметничката галерија во Куманово
14.09.2021 19:32
| Сузана Николиќ
Во просториите на Уметничката галерија утре во 12 часот ќе биде отворена изложбата „По трагите на фотографијата“.

На изложбата ќе бидат презентирани 200 црно-бели фотографии од збирката на фотографии од Музеј - Куманово, кои претставуваат значаен културно-историски артефакт и обработуват етнолошка тематика.
Автор на изложбата е Валентина Илиевска, виш кустос етнолог при НУ Музеј - Куманово.
Изложбата ќе беде отворена за посетителите до 30 септември со почитување на сите протоколи.
(фото архива)