×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По три дена изгаснат пожарот во Ваксинце, настанал од запалена „дива“ депонија

    26.06.2025 17:50 | KumanovoNews

    Изгаснат е пожарот над липковските села Ваксинце и Лојане, кој три дена гореше на тешко пристапен терен, и постоеше опасност да ја зафати боровата шума во планината.

    По три дена изгаснат пожарот во Ваксинце, настанал од запалена „дива“ депонија

    Во пожарот изгоре површина од 500 хектари сува трева и нискостеблеста шума, и околу 30 хектари млади борови кои биле засадени пред неколку години. Пожарот бил предизвикан од запалена „дива“ депонија покрај селото  Ваксинце.

    „По три дена интензивна работа денеска нашите вработени успејаа целосно да ги изгаснат и последните остатоци од пожарот, кој постојано се потпалуваше поради високите температури. Постоеше опасност пожарот да се прошири на боровата шума која зафаќа површина од 400 хектари. Утринава имавме заеднички состанок со МВР, ЦУК, Општина Липково, и се координиравме како понатаму да постапуваме. Имаше опција и да се вклучи механизација, да се интервенира од воздух, но пожарот е локализиран. Излеговме на терен и се уверивме дека нема опасност од повторно разгорување“, кажа раководителката на кумановската подружница на „Национални шуми“, Катица Станковска - Ристовска.

    Заменик на генералниот директор на ЈП „Национални Шуми“, Кире Михаилов, и денеска беше на терен и потврди дека пожарот е ставен под контрoла.

    „Површината ја скениравме со дронови, увидовме дека нема веќе чад, ниту во внатрешноста, што значи дека може да потврдиме дека пожарот целосно е ставен под контрола“, кажа Михаилов.

    Пожарот избувна во понеделникот попладне во близина на куќите во селото Ваксинце, по што интевенирале пожарникарите, вработените во Општина Липково, „Национални Шуми“ и месното население. Откако пожарот се проширил кон повисоките непристапни предели вработените на „Шумско“ биле оставени сами, поради што Михаилов вчера регираше и побара поголема поддршка од локалната власт.
       
    Бидејќи пожарот се приближил до границата со Србија постоела координација и со тамошните служби.