Почина 27- годишната родилка од Куманово
08.04.2020 14:07
| KumanovoNews
Почина 27-годишната родилка позитивна на КОВИД-19 од Куманово, објави Министерството за здравство.

Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новороденче, негативно на вирусот.
Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март, поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален.
Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.