Почина адвокатот Јаким Наумов
14.06.2022 17:14
| KumanovoNews
По кратко боледување, на 65-годишна возраст денеска почина Јаким Наумов – Јаче.

Наумов во јавноста беше познат како адвокат што ги застапуваше припадниците на единицата за брзи интервенции „Лавови”, како и едукатор и стопанственик од Куманово.
Тој во повеќе процеси ги застапуваше припадниците на единицата на МВР.
Погребот на Наумов ќе се изврши на градските гробишта во Куманово, утре во 13 часот.