×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина композиторот Миодраг Божиновски

    11.08.2011 13:22 | KumanovoNews

     Почина Миодраг Божиновски - Мичо (59), врвен македонски композитор, аранжер и текстописец на народни песни, испеани од врвните македонски естрадни ументници, кои станаа незаборавни хитови и трајно ја збогатиа антологијата на македонското музичко творештво.

    Почина композиторот Миодраг Божиновски

    Божиновски е роден во Куманово во 1952 година. Својата музичка кариера ја започна во Музичкото училиште “Панче Печев“, како професор по пиано. На негова иницијава  и под негово музичко раководство се формира Октетот Куманово. Тој го вивна Октетот до врвот на македонската естрада, со над 250 музички нумери, издадени на повеќе носачи на звук, закитени со многу фестивалски награди.

    Од 1984 година Божиновски е вработен во Македонската Радио и Телевизија каде остави видни траги во продукцијата.

     Смрта на Божиновски е голема загуба за музичкиот живот во Македонија, за градот Куманово, за Октетот КУМАНОВО, но најголема за неговото семејство.