Мени

Почина поранешниот градоначалник Бајрам Сулејмани

04.03.2026 10:44 | KumanovoNews

Почина Бајрам Сулејмани, кој од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово. 

Почина поранешниот градоначалник Бајрам Сулејмани

Сулејмани беше педагог, професор, новинар и публицист. Работеше како наставник во основното училиште „Бајрам Шабани“ во Куманово, потоа како новинар во локалното радио  Куманово. Во периодот Од 2005 до 2018 година беше основач и директор на Регионалната Занаетчиска Комора.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати сочувство до семејството на Сулејмани.

„Во име на граѓаните на Општина Куманово и во мое лично име упатувам искрено и длабоко сочувство до семејството Сулејмани, со благодарност за неговото значајно општествено делување. Нашиот град ќе се сеќава на неговите заложби и постигнатите резултати во развојот на локалната самоуправа и општествената заедница“, напиша Димитриевски.