×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина сточарот од кратовско кого лекарите го носеа на раце низ планината за да го спасат

    06.04.2021 14:05 | KumanovoNews

    Почина сточарот од кратовското село Емирица, кој минатата недела на раце беше носен 5 километри низ планината од екипа на Итна медицинска помош во Кратово, затоа што надлежните институции не обебедија возило за негов транспорт. Портпаролот на Штипската болница Марина Шуманска потврди дека лицето на 63-годишна возраст починало како последица на тешки смрзнатини и силно крварење во мозокот, поради што лекарите не можеле да го спасат.

    Почина сточарот од кратовско кого лекарите го носеа на раце низ планината за да го спасат

    Сточарот минатата среда во текот на ноќта излегол во обиколка на стадотото, при што му се слошило и паднал покрај куќата. Го нашла неговата 90-годишна мајка, која немала сила да го крене и цела ноќ останала покрај него обидувајќи се да го загрее. По 12 часови помината на поларните температури, таа дури утрината се снашла да повика помош по мобилен телефон.

    Лекарска екипа од Здравствениот дом во Кратово тргнала да му помогне, но настанала драма кога возилото не можело да помине од високите наноси на снег. Отишле пешки до неговата куќа.

    „Затековме трогателна ситуација. Лицето беше паднато на патеката која од неговата куќа води до трлото во кое одгледува значителен број овци, кои во овој период од годината се јагнат и мораат да бидат проверувани секоја вечер. За некое чудо, лицето после поминати повеќе од 12 часа на поларна температура во снегот беше сè уште живо. Го нашла неговата 90-годишна мајка која немајќи сила да го крене поминала цела ноќ покрај него обидувајќи се да го загрее, за да во утринските часови, иако не знаела да ракува со телефон, успеала да се јави на најзината ќерка и да побара помош“, раскажува докторот лекарот Павле Зафиров,.

    Kога виделе во каква состојба се наоѓа пациентот веднаш побарале помош од надлежните државни и локални служби да го пренесат до градот. Откако никој не успеал да обезбеди џип, лекарот одлучил пациентот да го носат на раце на импровизрано носило.

    „Ние четворицата околу 5 часа на раце го носевме пациентот по козји патеки, низ екстеремно стрмен предел и шума наместа затрупани со снег, преку река и низ угорница која ретко кој би се осмелил да ја помине пеш. На крајот, накај 19 часот успеавме да стигнеме до возилата и околу 20 часот да го транспортираме пациентот во Здравствен дом Пробиштип. Доживеав 90-годишна мајка низ солзи и лелеци да нè моли да го спасиме нејзиниот син носејќи го на грб по истите козји патеки, по кои таа им носела храна на партизаните кои со крв ја изградиле денешната држава која не сакаше да му помогне на син и“, пишува д-р Зафиров, кој драмата ја објави на Фејзбук и праша колку вреди човечкиот живот во нашата држава, и побара одговорност од надлежните институции.

    Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангеловвчера кажа дека дека оперативниот службеник во ЦУК во Кратово ги преземал сите мерки за да обезбеди џип и се јавил во Полицијата, Противпожарната единица, Јавното претпријатие Македонски шуми, во ЕВН и во Комуналното претпријатие, но сите го одбиле. Сепак, Ангелов призна дека вработениот самоиницијативно можел да побара хеликоптер и тој за кратко време да стигне, но бил фокусиран на барањето на лекарскиот тим да најде теренско возило.