×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина водителот Драган Вучиќ

    04.05.2020 08:40 | KumanovoNews

      Познатиот македонскиот музичар, композитор и телевизиски водител Драган Вучиќ (65), ноќеска починал на Инфективната клиника во Скопје.

    Почина водителот Драган Вучиќ

    Причина за смртта биле компликации од коронавирус, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

    „Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“- напиша Филипче.

    Вучиќ е роден во Скопје во 1955,  автор е на  песните „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“,  а беше автор и на евровизиската песна „Make My Day“, на неговиот син Мартин Вучиќ во 2005. Во 1990-те беше пејач на групата „Кода“.

    Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, а син му Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.