×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово починаа уште 5 лица од коронавирус на возраст од 57, 67, 70, 72 и 82 години

    26.09.2021 19:23 | Сузана Николиќ

    Во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Куманово денеска се регистрирани петмина починати и 17 новозаболени од коронавирус во Куманово. Ова е најголем број на починати во еден ден во изминатиот месец.

    Во Куманово починаа уште 5 лица од коронавирус на возраст од 57, 67, 70, 72 и 82 години

    Во изминатите 24 часа регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.425 тестирања. 

    По градови во:Скопје – 169, Велес и Струмица – по 21, Куманово – 17, Охрид и Кавадарци – по 15, Битола – 14, Штип – 13, Кочани – 11, Свети Николе – 10, Прилеп – 6, Тетово – 4, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 3, Виница, Кратово и Македонски Брод – по 2, Струга, Радовиш, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 1.

    Регистрирани сe 222 оздравени пациенти од: Скопје – 118, Штип – 14, Кавадарци – 12, Битола – 11, Прилеп – 10, Кичево – 9, Велес – 8, Кочани – 6, Гевгелија и Ресен – по 5, Кратово и Радовиш – по 4, Неготино и Пробиштип – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Гостивар – по 2, Тетово и Делчево – по 1.

    Во текот на изминатите 24 часа починале 17 лица: по 5 починати лица од Скопје (85г, 81г, 67г, 59г и 56г) и Куманово (82г, 72г, 70г, 67г и 57г), 2 починати лица од Охрид (89г и 38г) и по едно починато лице од  Штип (68г), Велес (88г), Ресен (74г), Радовиш (79г) и Валандово (81г).  Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.277.428 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.887 бројката на оздравени пациенти е 170.956, на починати е 6.594, а бројот на активни случаи изнесува 12.337.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
    Скопје 82529, Активни 5735
    Куманово 11247, Активни 979
    Тетово 10796, Активни 948.