×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Починале двајца кумановци, тројца здравствени работници новозаболени од коронавирус

    19.08.2020 13:53 | KumanovoNews

     Тројца здравствени работници се помеѓу новите 18 случаи позитивни на коронавирус, регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ)  во Куманово.

    Починале двајца кумановци, тројца здравствени работници новозаболени од коронавирус

    Станува забор за две медицински сестри од Кумановската болница и еден лекар кој работи во Скопје. Од новозаболените 17 се од Куманово и еден од Липково.

    Сите новозаболени имале контакти со веќе позитивни членови во семејството или на работа, - велат од ЦЈЗ Куманово.

     Починати се двајца пациенти од Куманово (64 и 72), кое се лекувале во болнички услови.

    Во последните 24 часа се направени 1902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 45, Куманово 18, Штип 11, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 4, Велес 4, Гостивар 9,

    Струмица 2, Виница 2, Делчево 4 и Свети Николе 3.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти.

    Досега во земјата се направени вкупно 130.840 тестирања на ковид -19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076, бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900.