Мени

Почна пролетно “крпење“ на улиците

29.04.2014 12:40 | KumanovoNews

Почна пролетното пополнување со асфалт на дупките по улиците.

Почна пролетно “крпење“ на улиците

 Во првата фаза се опфатени улиците во централното градско подрачје, а потоа ќе се интервенира на периферијата.

Денеска се работеше на улица “11 Октомври“ од фабриката Искра до Черкезко село и на дел од “Индустриска“.

  - Ако временските услови бидат добри утре ќе се работи на “Доне Божинов“ и “Веселин Маслеша“, а потоа следуваат улиците во центар. Ќе бидат санирани дупките кои настанале поради дождот и дотрајаност на коловозот - вели Момчило Јовановски од сектор за урбанизам во Општина Куманово.

Работите ги изведува фирмата “Хуљуси комерц“ од Куманово.