×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнува исплата на правата од социјална заштита

    06.11.2020 08:18 | KumanovoNews

    Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска (петок) започнува исплатата на правата од социјална заштита за месец октомври.

    Почнува исплата на правата од социјална заштита

    Исплата ќе се врши за:

    • Гарантирана минимална помош ГМП

    • Социјална парична помош-ретроактивна исплата

    • Постојана парична помош-ретроактивна исплата

    • Туѓа нега

    • Еднократна парична помош

    • Мобилност и слепило

    • Социјално домување

    • Социјална сигурност-социјална пензија

    • Парична помош за згрижувач

    • Паричен надоместок за згрижувачко семејство

    Исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитурите  на банките, согласно  утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

    - 6 ноември  (петок ) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;

    - 9 ноември (понеделник) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;

    -10 ноември (вторник) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

    Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 6 ноември 2020 година.

    Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.