Почнува зимскиот распуст за учениците
31.12.2025 09:03
| KumanovoNews
За околу 250.000 ученици во основните и средните училишта во земјава денеска почнува зимскиот распуст. На настава ќе се вратат на 20 јануари 2026 за почетокот на второто полугодие.
Во вториот дел од учебната 2025/2026 година ќе продолжи процесот за оптимизација на училишната мрежа и воведување едносменска настава со која досега се опфатени 200 училишта.
На крајот на учебната година, во јуни, матурантите ќе полагаат државна матура по нов концепт, согласно видот на образованието.
Наставниците во март треба да добијат покачување на платите помеѓу 7,5 и 10 проценти.