Силниот ветер откорна дел од кров на зграда во центарот на Куманово
28.12.2025 15:18
| KumanovoNews
Силниот ветер кој од утринава дува, откорна дел од кров од зграда во центарот на Куманово.
Кровната конструкција паднала на тротоар во еден од најфреквентните делови на градот, на крстосницата меѓу улицата „Гоце Делчев“ и булеварот „Трета македонска ударна бригада“, па среќа е што нема повредени. Причинета е само материјална штета.
„Во 10:50 часот било пријавено дека на улицата Гоце Делчев во Куманово паднал дел од кров од зграда. Повредени лица нема, а екипа од СВР Куманово е на терен и го регулира сообраќајот“, соопштија од МВР.
Во расчистувањето на теренот учествуваа екипи на ЈП „Чистота и зеленило“, како и на Територијалната противпожарна единица Куманово.