Почуствуван земјотрес во северозападна Македонија
        25.03.2013 09:06
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Aпаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 8.20 часот регистрираа земјотрес со епицентар 110 километри западно од Скопје, на територијата на соседна Албанија.
 
                  Земјотресот бил почувствуван во северозападниот дел на Македонија со интензитети од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



