Поделени пакети со храна на жртви на трговија со луѓе

04.12.2014 - 14:26

На 13 семејства денеска им беа поделени пакети со храна и хигиенски средства, обезбедени од Фондацијата Подиум од Сан Марино.

Поделени пакети со храна на жртви на трговија со луѓе

Се работи за семејства со членови жртви на трговија со луѓе или, пак, постои ризик за таква појава. Мобилните тимови во чии редови има претставници на Центарот за социјални работи, општината и невладините организации се трудат да им помогнат на овие луѓе на различни начини.

“По повод одбележување на Недела за борба против трговија со луѓе ќе донираме прехранбени и хигиенски пакети во вредност од 2000 денари по семејство. Тие се вклучени во програмата на мобилните тимови и со нив се работи трета година. Тоа се претпоставени жртви на трговија со луѓе или високо ранливи категории кои се на работа да станат жртви. Да направиме една превенција за да не бидат жртви на трговија. Во овој период од три години имаше неколку жртви на трговија со луѓе во Куманово„ - изјави Сања Бурагева, претседател на Здружение за еднакви можности, еднаков пристап.

Членовите на мобилните тимови велат дека на овие луѓе треба да им се обезбеди помош преку обуки, вработување и постигнување на економска независност.

“Се залагаме да укажеме на проблемот, да го ублажиме, но штом ќе снемаме средства од проекти ние немаме моќ. За да одиш некаде надвор од Куманово, да посетиш некоја жртва на трговија се потребни пари“- вели Лидија Илиевска, претседател на хуманитарно здружение Мајка.

Благе Јакимовски од Центар за вработување Куманово, вели дека жртвите на трговија со луѓе треба да имаат приоритет при вработување.

Поделени пакети со храна на жртви на трговија со луѓе


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk