Подметната бомба во центарот на градот
11.07.2015 08:10
| KumanovoNews
Силна експлозија ноќеска го потресе Куманово.

Експлозивна направа утринава во 4.30 часот била активирана на паркингот кај Градскиот плоштад, помеѓу казиното Астра и зградата на Тинекс. Од детонацијата се искршени стакла на прозорците на околните згради и дуќани, повредени нема. Нема информација за каква експлозивна направа се работи.
Од СВР Куманово за Kumanovonews потврдија дека ноќеска имало експлозија и екипи на крим техника се на терен и работат на откривање на сторителите.
Станарите на околните згради и граѓаните на Куманово се вознемирени поради најновиот инцидент.