Поетска збирка на кумановски дијалект
Библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово, во соработка со три писателски друштва од градот, ќе издаде збирка поезија на кумановски дијалект.

„Во тек е постапка за објавување на книга, т.е збирка поезија, со цел да се направи една промоција на нашиот дијалект и за понатамошно зачувување на истиот. Со текот на годините, сите заинтересирани би можеле да дојдат и да видат како некогаш звучел кумановскиот дијалект“, - вели Марјан Петковски, директорот на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.
Песните во оваа збирка ќе бидат напишани од членовите на кумановските писателски друштва, а како издавач и покровител на книгата ќе биде Кумановската библиотека.
Издавањето на книгата се очекува да биде кон крајот на октомври или почетокот на ноември.