Поетско-музичка вечер „Илинденски секавици“ пред Центарот за култура
27.07.2021 10:12
| Сара Ѓорѓиоска
На платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, вечерва во 19.30 часот ќе се оддржи поетско-музичката вечер „Илинденски секавици“.

Оваа година присутните ќе имаат можност да уживаат во оригинални поетски стихови презентирани од етаблирани виртуози на пишаниот збор – врвни писатели, поети и поетеси.
Културно-уметничката манифестација се оддржува веќе неколку години по ред.
(Фото: архива)