Откриени неправилности кај 4 возила кои вршат јавен превоз на патници во Куманово
01.12.2021 19:32
| Сузана Николиќ
При денешната контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници во Куманово, кај четири од нив се откриени непревилности на светлосната сигнализација и недостаци на опрема. Со акцијата биле опфатени 18 возила на приватните превозници.

„Денеска во периодот од 08.00 до 11.00 часот на подрачјето на СВР Куманово спроведена e акциска контрола за санкционирање на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа биле исконтролирани 18 возила, а биле утврдени 4 неправилности кои се соодветно санкционирани. Од нив 2 за неисправни светлосно-сигнални уреди и 2 за недостатоци на опрема“, соопшти МВР.