Полицијата со ноќен радар казни 22 возачи за брзо возење на територија на СВР Куманово
20.12.2021 10:36
| Сузана Николиќ
Вчера во периодот од 18.00 до 22.00 часот со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Куманово за откривање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа санкционирани се 22 возачи.

„Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, апелира МВР.