Мени

Полициски час од 22 до 5 часот предлага Комисијата за заразни болести

08.03.2021 10:24 | KumanovoNews

Комисијата за заразни болести предлага воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда, соопшти министерот Венко Филипче.

Полициски час од 22 до 5 часот предлага Комисијата за заразни болести

„Овој предлог е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Апелирам на дисциплина којашто во моментов ни е најпотребна затоа што тоа единствениот начин да се спречи неконтролирано ширење на ковид-19“, вели Филипче.