×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полициски час од полноќ, кафеаните да работат до 23.30 часот и да се отворат теретаните, предлага Комисијата за заразни болести

    10.05.2021 08:03 | KumanovoNews

     Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести од среда (12 мај), забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24 часот до 5 часот.

    Полициски час од полноќ, кафеаните да работат до 23.30 часот и да се отворат теретаните, предлага Комисијата за заразни болести

    Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23.30 часот.

    Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

    Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.

    Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

    Се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници.

    Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.

    Владата новите мерки ќе ги разгледува на утрешната седница.