Полициски час во Куманово од денес во 21 часот до понеделник во 5 часот
03.04.2020 14:58
| KumanovoNews
Владата на Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.
Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Во изминатите 24 часа во Куманово се регистрирани 23 заболени,а вкупната бројка е 85 дијагностицирани со Ковид-19.