×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полициски службеник пријавен за земање мито

    26.02.2020 12:20 | KumanovoNews

     Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Т. – полициски службеник во Полициско одделение Ранковце, СВР Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

    Полициски службеник пријавен за земање мито

    Пријавениот, за време на вршење службена дејност, на возач на патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки побарал и примил поткуп за да не изврши службено дејствие, односно за да не изготви записник за констатиран прекршок и налог за плаќање на глоба за сторен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    По пријавување на случајот во Одделот за внатрешна контрола, И.Т. бил лишен од слобода и поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а по извршениот распит судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

    Одделот за внатрешна контрола, исто така, против полицискиот службеник ќе поведе постапка пред надлежната комисија за утврдување на дисциплинска одговорност.