Помош за сточарите на кои им угина добиток од “син јазик“
15.12.2014 11:05
| KumanovoNews
Сточарите на кои добитокот им угина од болеста “син јазик“, ќе добијат помош од државата.

Тие ќе бидат ослободени од плаќање на пашарина за 2014 година, ќе добијат субвенции за угинатите грла, а за секое оставено женско јагне ќе се исплаќаат по 4.000 денари. Целта на овие мерки е да им се олесни на фармерите, но и да се зајакне сточниот фонд кој претрпе штети од “син јазик“.