Понеделник - 12 октомври неработен за сите граѓани
05.10.2020 07:30
| KumanovoNews
Празникот 11 Октомври се паѓа во недела, поради тоа понеделник е неработен ден за сите граѓани.
- Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија 11 октомври 2020 година, недела, Денот на народното востание, е државен празник. Понеделник, 12 октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопштиваат од МТСП.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на народното востание.

