Понеделник 2 јануари неработен ден за сите граѓани
30.12.2022 12:35
| Сузана Николиќ
Вториот ден од Нова Година е неработен ден за сите граѓани во земјава.

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците, 1 јануари (недела), односно 2 јануари 2023 година (понеделник), Нова Година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните им ја честита Новата Година.