Мени

Понеделник неработен ден за сите граѓани

18.05.2021 10:34 | KumanovoNews

 Понеделник, 24 Мај, „Св. Кирил и Методиј“ - Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Понеделник неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека тоа е согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07).

 Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот "Св.Кирил и Методиј" - Денот на сесловенските просветители.