Понеделник - Водици неработен ден за православните верници
18.01.2026 12:47
| KumanovoNews
Празникот Богојавление - Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Согласно Законот за празници и Програмата за неработни денови, понеделник - 19 јануари е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, што значи за нив следува продолжен викенд.
На 19 јануари се одбележува големиот православен празник Богојавление - Водици, кој традиционално се слави со масовни црковно-народни обичаи и положување на светиот крст во реки, езера и базени.