×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Попладнево СДСМ ќе го соопшти името на кандидатот за градоначалник на Куманово

    31.08.2021 11:03 | Сузана Николиќ

    Извршниот одбор на СДСМ синоќа ги утврдил кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори, соопштија од партијата. Меѓу нив е и кандидатот за Општина Куманово.

    Попладнево СДСМ ќе го соопшти името на кандидатот за градоначалник на Куманово

    „Утврдените кандидати како и другите одлуки од седницата на ИО ќе ги соопшти генералниот секретар и шеф на изборниот штаб Љупчо Николовски на прес конференција која ќе се одржи во седиштето на СДСМ со почеток во 16.30 часот“, најавија од СДСМ.

    За тоа со кој кандидат ќе настапи СДСМ на локалните избори во Куманово е крајно неизвесно. 

    Во чаршијата веќе се шпекулира дека тоа ќе биде секретарот на партијата Оливер Илиевски, иако до вчера повеќе се експлоатираше името на пратеникот Мартин Костовски.

    Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски поднесе независна кандидатура, откако виде дека нема да ја добие поддршката на партијата.