Поради дефект 13 села без струја
10.08.2015 13:02
| KumanovoNews
Поради дефект 13 села на подрачје на Куманово и општина Старо Нагоричане се без струја, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Без напојување со електрична енергија се жителите на селата: Жегљане, Степанце, Арбанашко, Дејловце, Цветишница, Малотино, Војник, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Градиште и Мургаш. Екипи на ЕВН работат на санирање на дефектите.